Според мислењето на надлежните институции во Швајцарија емисијата на гасовите од моделите на Порше, Cajen и Macan, ќе биде забранета.
Причина за тоа е трилитарскиот V6 i 4,2- литарскиот мотор ја поминуваат со закон дозволената граница за емисија, односно не се во склад со еколошките побарувања кои моментално се на сила во Швајцарија.
Сопствениците кои порано ги регистрирале овие модели ќе можат да ги користат, но обврската на автомобилските компании ќе биде да ги усогласат со нормите кои се дозволени.
Мерцедес веќе го прекина извозот на споменатите модели, а во понудата на Порше дизел веќе нема.
Во изјавата за автомобилското списание EVO, потпаролот на Порше изјави:
“Дизел моторите традиционално играат подредена улога во Порше. Порше не развива или создава дизел мотори. Во моментов има намалена побарувачка за нив, додека интересот за хибридни и бензински мотори значително се зголемува”.