Францускиот произведувач има намера до крајот на деценијата на купците да им понуди модел кој ќе биде наследник на Citroen C5.
Citroen во Европа веќе нема свој претставник во сегментот на големите лимузини, во однос на тоа дека кон почетокот на 2017 беше завршено со производство на моделот C5 за купувачите на Стариот Континент, додека некогашниот најлуксузен автомобил на францускиот бренд – C6, од европскиот пазар е отстранет уште од 2012 година.
Citroen беше долго познат по големите, луксузни лимузини кои, по правило ги користеле француски функционери како официјално службено возило, па логично е прекинатата традиција да продолжи.
Како што пишува Autocar, моделот кој треба да го наследи, пред се, Citroen C5, ќе се појави во Европа 2019 или 2020 година.
„Тоа нема да биде некој нов C5, но ќе биде нов голем седан“, вели директорката на Citroen, Линда Џексон.
„За да бидете голем произведувач на автомобили, морате да имате и еден таков модел, покрај останатите мали, средни и други модели, како што се SUV возилата“, објаснува таа.
Според нејзините зборови, новата голема лимузина ќе преземе некои стилски детали, но и технолошки решенија, од концептот CXperience кои Citroen и ги претставил на публиката на саемот на автомобили во Париз 2016 година.
Новата лимузина нема да се продава строго во Европа, туку ќе биде достапна и во Кина, која е втор најголем пазар за Citroen.
Францускиот произведувач сака да ја искористи довербата на кинеските купувачи на големи седани и да ја зголеми продажбата на своите возила во оваа земја.