Манастирот Џунис е женски манастир во нишката епархија. Се наоѓа во истоименото село Џунис, на подрачјето од градот Крушевац. Легендата за настанокот на манастирот Џунис е поврзана со дамнешно предание за појавувањето на Мајката Божја и изворот на светата вода на местото на кое подоцна селаните ќе подигнат манастир.
Преданието за чудотворната вода од манастирот Џунис потекнува од 1898 година. Во него се вели дека Богородица и’ се прикажала на 13-годишно девојче, пред кое тогаш се отворило извор. Мајката Божја го благословила и прорекла дека ќе лекува болни. Мајката Божја му рекла на девојчето да им пренесе на селаните на тоа место да подигнат црква, а за да го означи местото на изградба, фрлила кофа вода на каменот, кој според легендата и сведочењето на старите монахини од манастирот, со текот на времето се зголемува и сега се наоѓа во малата црква, првобитно црквата-брвнара, подигната во 1934 година. Манастирот Џунис со Црквата на Пресвета Богородица ги осветил српскиот патријарх Павле, 14 октомври кога се слави празникот на Богородица кога на ова место се собираат и по неколку илјади верници кои присуствуваат на бдеењето и утринската литургија.
Чудесните исцелувања на изворската вода од манастирот Џунис направиле вистинко место за аџилак. Мештаните од околните села прераскажуваат дека многу неподвижни откако се напиле од изворот покрај црквата, прооделе, слепите прогледале, а немите прозбореле.