Позната како една од најубавите жени во светот, оваа холивудска актерка претрпе екстремна трансформација за да го протолкува ликот на легендарната британска кралица.
Австралиската актерка Margot Robbie се смета за една од најубавите жени во Холивуд. Нејзиниот профил на „Instagram“ е полн со провокативни и секси фотографии, кои ги радуваат нејзините обожаватели.
Меѓутоа, за новиот филм, каде што го толкува ликот на кралицата Елизабета I, нејзиниот изглед е драстично променет.
Нејзините остри линии на лицето и бујна руса коса ги заменија инвазивната шминка, светло-црвената коса и неуредно лице.
Марго изјави дека тоа што за прв пат е „грда“ во некој филм е всушност некој вид на социјален експеримент. Таа откри дека за време на снимањето нејзините колеги малку ја запоставувале од друштвото.
Таа се чувствувала осамена и изолирана за време на снимањето.
„Ќе се обратев некому, да прашам како се одвивал викендот, а лицето дури и не сакаше да ми се доближи. Бев навистина изолирана и се чувствував осамено. Со сигурност беше еден интересен социјален експеримент“, изјави актерката.
Сепак, не и е жал што одбрала таква улога.
„Не сакав да одберам уште едно сценарио каде сум нечија девојка или жена, да бидам некоја која се потпира на машката приказна. Тоа ми стана неинспиративно“ откри Margot.