Професорот Сидни Енглберг, 67-годишен предавач на Еврејскиот универзитет во Ерусалим не се збунил кога едно бебе почнало да плаче чија мајка ги посетува неговите предавања за организационо однесување. Мајката се засрамила и сакала да го напушти часот, но наместо тоа, таткото на 4 деца и дедо на 5 го земал детето и го смирил во своите раце, без притоа да го загуби текот на предавањето.
Според неговата ќерка, Енглберг им дозволува на мајките кои слушаат предавања на постдипломски студии да си ги земат децата, па дури и да ги дојат. Ниедна мајка не треба да избира помеѓу мајчинството и образованието.