Сличностите со легендарниот модел се минимални.
Со оглед на тоа што станува збор за домашен саем, Лада на сегашниот саем на автомобили во Москва претстави рекорден број возила. Освен актуелните модели, прикажан е и интересен прототип “4X4 vision”, кој можеби ќе ја замени “лада нива” во еден момент.
Главниот дизајнер Стив Матин со овој модел, Лада ја подготвува за иднината. Моделот “4X4 vision” сака да покаже колкав е потенцијалот на легендарната “ладна нива” и како може да се трансформира.
Сличности со оригиналот може да се забележат само на капакот на моторот и на задните амортизери. Сето останато е изменето.
Окото на гледачите ќе се залепи на дизајнот на предните и задните светла, како и големите тркала од 21 инч.
Дополнителни технички детали не постојат, но се знае дека моделот ќе биде базиран на “специјалната платформа”.
Фотографиите откриваат дигитално опкружување во предниот дел на возилото, автоматски менувач со редуктор, двонасочна клима, главен дисплеј и темпомат, а интересен детаљ е и делумно стаклениот покрив.
Како ви се допаѓа оваа визија?