Ова го можат само Јапонците!

popara24 јануари, 20181min00
2

Јапонија придава големо значење на образованието и смета дека секој има право да се школува, па така, иако целосно нерентабилна, една железничка станица останала отворена само поради една гимназијалка.

Станицата Ками-Ширатаки на јапонскиот остров Хокаидо е повеќе од специфична: низ неа поминуваат само два воза дневно, еден во 07.00, а вториот во 17.00 часот за да одвезат, односно довезат само една единствена патничка – ученичка која секој ден користи воз за да оди на училиште.

Јапонската железница пред три години одлучила дека, и покрај економската пресметка, ќе ја задржи станицата поради ова девојче, дури отишла и толку далеку што го прилагодила возниот ред според нејзиниот распоред.

Во компанијата Japan Railways истакнале дека станицата ќе биде отворена се додека девојчето не матурира.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag