Ова се најиздржливите автомобили од 2018 година!

popara4 април, 20181min00
7

Иако во последните неколку години купувањето на половен автомобил стана прва опција на многу од купувачите, сепак има и такви кои решаваат да купат нов автомобил, директно од салон. За да имате барем некаква почетна информација која ќе ви помогне полесно да изберете, ги издвоивме најиздржливите автомобили произведени оваа година.

Consumer Reports направи листа од 10 возила произведени во 2018 година кои имаат најголеми шанси да поминат голема километража, и кои во основа би требало да се автомобилите во кои би требало да имате најголема доверба.

Доколку очекувавте листа од автомобили од компаниите на Honda и Toyota, токму тоа и го добивате. Вака изгледа комплетната листа на десетте најиздржливи возила произведени во 2018 година:

  • Toyota Camry
  • Honda Accord
  • Toyota Prius
  • Honda CR-V
  • Toyota Sienna
  • Honda Civic
  • Toyota Corolla
  • Toyota 4Runner
  • Toyota Highlander
  • Ford F-150

Што се однесува до начинот на кој беше направена листата, тимот на Consumer Reports објасни дека биле земени во предвид сите проблеми со кои се соочуваат градските автомобили, и потоа биле одбрани автомобилите кај кои биле забележани најмал број на вакви проблеми.

Постојат многу можности за потенцијални проблеми кај овие возила, посебно ако се земе во предвид фактот дека новите модели од 2018 година во нив имаат многу електроника, која не беше присутна во постарите верзии на овие модели. За да се забележи издржливоста на моделите, мораше да бидат земени во предвид и перформансите на претходниците од изминатите неколку години, па така се доаѓа до заклучок дека возилата на Honda и Toyota се најиздржливи во конкуренцијата на градски автомобили.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag