На прв поглед сосема обичен, но овој паричник крие гениален изум способен да го спречи својот сопственик да потроши премногу пари. Овој паричник е создаден во Јапонија и има вграден механизам поврзан со апликација наречена Заим која е компатибилна со Епл и Андроид уредите.
Доколку сте “кратки“ со пари, овој паричник ќе се погрижи да не потрошите баш се што имате така што ќе се придвижи штом ја почувствува вашата рака во близина. Ако на овој начин не успее да го спречи својот сопственик и тој повторно посегне по пари, паметниот паричник во тој момент ја повикува неговата мајка или со мејл известува за кризни моменти.
Меѓутоа ако во паричникот има доволно пари тој од состојба на штедење преминува во режим на потрошувач и тогаш од него се слуша симфонија на Бетовен.