Папата Фрањо, германската канцеларка Ангела Меркел, рускиот претседател Владимир Путин и францускиот претседател Емануел Макрон се најпопуларните лидери во светот – покажала меѓународната студија “Крајот на годината и светксите лидери”, во која на учесниците им биле понудени 12 светски лидери за рангирање.
Испитаниците главно одговарале на прашањата дали имаат позитино, неутрално, помалку негативно, и негативно мислење за светските лидери.
На глобалната листа на популарноста прв е папата Фрањо со 56 проценти, Ангела Меркел со 49 проценти и францускиот претседател Макрон за кого популацијата се изјаснила со 45 проценти.
Претседателот на Русија на светската ранг листа е на четвртото место и има 43 проценти, а по него е и британската премиерка Тереза Меј со 38 проценти, додека пак кинескиот претседател Си Џипинг се наоѓа на шестото место со 37 проценти.
На крајот на листата на светските лидери, по популарност се наоѓа претседателот на Иран, Хасан Рохани.
Според истражувањето, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган се наоѓа на деветото место на светската ранг листа.
Индексот на популарност на светските лидери кој претставува разлика помеѓу позитивното и негативното мислење на државите, покажало дека Путин е најпопуларен во Виетнам, потоа во Казахстан, Ерменија, Русија, потоа во Србија, додека пак Си Џип е најпопуларен во Молдавија, Казахстан, Албанија и Србија.
Путин е најслабо рангиран во Полска, а Џинпинг во Јапонија каде испитаниците за нив имаат главно негативно мислење.
Во Виетнам најпопуларни се американскиот претседател Трамп и германската канцеларка Меркел, додека пак Трамп е најслабо рангиран во Германија, а Меркел во Чешка.