ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 500гр компири
* 2 главици кромид
* 2 домати
* 100гр масло
* врска магдонос
* сол, бибер по вкус
* 6 лажици мајонез
* 5 лажици кечап
* црвен пипер за попрскување
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Ги лупиме и ги сецкаме компирите, кромидот и доматите.
Ги ставаме во тава и го додаваме маслото. Мешаме внимателно.
Додаваме сол и бибер по вкус. Додаваме околу 1 чаша вода иги ставаме во загреана рерна на 200 степени околу 45-50 минути.
Ги вадиме од рерна и ги додаваме кечапот и мајонезот. Попрскуваме со малку црвен пипер, го додаваме ситно исецканиот магдонос и сервираме.