Со години и течел носот, а докторите ја убедувале дека има алергија: Поради болки сакала да се УБИЕ, а потоа ја дозна УЖАСНАТА ВИСТИНА! (Видео)

11 мај, 20180
8

Канди Џексон (52) од Небраска по сообраќајна несреќа во 2013 година почна да и тече константно носот, а пред две години ситуацијата се влоши – започна да тече уште повеќе.

Течноста од носот не само што излегуваше, туку и се спушташе во грлото. Имала големи главоболки, но живеела нормално, секој ден готвела, си играла со девет внуци…

Докторите беа убедени дека е алергична на нешто, но никогаш не ѝ кажа што може да биде. Таа чувствувала нешто друго.

Таа веќе била толку очајна, дури помислила на самоубиство, а потоа побарала помош од специјалист. Таа отиде во клиниката на д-р Кристијан Барнс и рече дека нема да излезе додека не открие што навистина се случува со нејзиниот нос.

Тие ја тестираа течноста што излегуваше од носот и сфатија дека станува збор за мозочна течност (ликвор или цереброспирална течност) која го штити мозокот од оштетување.

Веднаш ја оперирале со тоа што и ги “закрпиле” дупчињата во синусите со кожа од стомакот и со тоа и го спасиле животот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *