ГИ ВИКААТ БРАЌА-ДУХОВИ, ЗАТОА ШТО ИМ НЕДОСТАСУВААТ ДЕЛОВИ ОД ЛИЦЕТО: Се кријат од врсниците бидејќи ги исмејуваат, а потоа во селото дојде ТОЈ… (Видео)

11 мај, 20180
7

Двајца браќа од Индија, кои другите врсници ги нарекуваат “деца-духови” поради заострените заби и ретката коса, конечно се прифатени во нивното село.

Ашфаг (11) и Мухтаг Кан (8) се криеја зад ѕидовите во селото Маџа Прадеш, со цел да се избегнат исмејување и погледи. Биле ужасно третирани, бидејќи нивните соседи не разбирале дека страдаат од ретко генетско нарушување на хипохондриална ектодермална дисплазија (HED), што ја намалува способноста за потење и предизвикува губење на забите и губење на косата.

 

Сепак, по интервенцијата на локалната организација која им помогна на луѓето да ја разберат нивната ситуација, нивната приказна се смени. Момчињата денес се прифатени во заедницата и нормално играат со другите деца.

“Мојот брат и мене во училиштето не сметаат за духови. Не сакаат да си играат со нас и не нарекуваат со грди имиња. Не сакаме да одиме во училиште, се чувствуваме понижени”, рече Ашфаг.

Нивниот татко работи на фарма за 50 фунти месечно, поради што не можеле да посетат специјалист.

“Ние сме многу сиромашни, немаме ни основни работи како фрижидер или вентилатор. Поради болеста телото брзо им се загрева, па секој половина час ги поливаме со вода”, рече нивната мајка Абила.

 

Нивниот доктор Мукеш предупреди дека состојбата може да се влоши поради слаб третман.

– Јас сум општ лекар, не можев да им дадам дијагноза. Затоа го советував нивното семејство да посетуваат специјалист, бидејќи проблемот можеше да се влоши со текот на времето. Нивните родители очекуваат чудо за нив, се надеваат дека некој може да им помогне, рече д-р Мукеш, а потоа тие организираа едукација во селото и им објасни на селаните дека болеста не е пренослива.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *