Европа е позната по многу работи, дестинации и особини, но не и по тропски локалитети. Затоа, не зборуваме за топли краишта, туку за влажност на воздухот и многу зеленило. Овие се пет дестинации кои треба да ги ставите на вашата листа:
- Ла Гомера, Шпанија – канарските острови се познати во светот по фактот дека има сонце во текот на цела година, но она што ја прави посебна оваа дестинација е тоа дека луѓето уште користа јазик со свирежи. Тука можете д анајдете разни билки кои не постојат на другите делови во Европа. И немојте д амислите дека тука плажата ќе ја замените со џунгла, туку дека ќе го добиете најубавото од двата света.
- Сили острови, Обединето Кралство – Можеби ова не е првото место што ќе ви текне за летен одмор, ама ако го посетите ќе го смените мислењето. Сили е остров кој се наоѓа во најнискиот дел на британското копно и заради тоа има значително повисоки температури во однос на остатокот од земјата. Тука можете да сретнете парли и кристално чиста вода.
- Азорски острови, Португалија – наликуваат на португалски остров и како вулкански остров, нуди потопла клима со многу влажност. Тоа не значи дека постојано врне, туку дека врно почесто од другите делови на Португалија. Плажите се убави, ама островот нуди многу убавини со што ќе го намалите времето поминато на плажа.
- Мадеира, Португалија – ова е шаренолик остров како никој друг. Во еден момент можете да сте на облачно место со зимска облека а веќе во следниот на топла плажа со коктел во рака. Можете да ја истражувате џунглата и да пројдете неколку годишни времеиња во еден ден.
- Поркерол, Франција – ако никогаш не сте чуле за ова мало место во јужниот дел, не сте единствени. Тука живеат околу двеста луѓе и толку е заштитено што буквално не смеете да наберете ни цвејќе. Опкружено е со кристално сина вода која потсетува на Карибите. Тука нема автомобили или капм приколки, само природа.