Поранешното момче се обидува да и го уништи бракот!

29 октомври, 20180
sofia

Актерката и понатаму во конфликт со поранешното момче.

Софија Вергара е во судски процес со Николас Лоеб поради два замрзнати ембриони кои се зачувани додека биле во врска. Сега Ник и актерката се тужат околу нив, бидејќи тој сака да ги задржи, а таа да ги уништи.„Станува збор за одмазда, бидејќи Ник е сеуште лут на Софија, која раскина со него. Тој сака да и го уништи бракот со Џо“, пишува TMZ. Не е јасно зошто Ник инсистира толку многу на уште едно дете кога во октомври минатата година доби ќерка со друга жена. Интересен е фактот дека Ник  успеал да го премести судскиот процес во Луизијана, каде што човечките ембриони се сметаат за човечки суштества. Наводно, поранешното момче на Вергара таму основало фонд за ембриони, кој ги нарекол Ема и Изабела. Софија Вергара сега е во брак со Џо Манганијел, а со нејзиното поранешно момче, Гомез Гонзалес има син.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi