Не дозволувам на мојот физички недостаток да ми застане на пат. Борец сум и секогаш ќе најдам решение работите да ги направам сам, вели Корнел Хришка од Романија кој е роден без две раце.
Корнел е роден во Романија 1991 година без подлактици и со деформитет на левата нога. Велат дека неговата мајка вриштела кога прв пат го видела своето бебе, а докторите предвидувале дека ќе живее само неколку часа.
Бебето било сместено во дом за несакани деца, каде чекале секој момент да умре.
Но судбината за него имала други планови. Бебето било усвоено од брачен пар од Англија кои освен него имаат уште 4 ќерки.
Така започнува приказната за Корнел, момчето кое денес студира филизофија и теологија во Оксфорд.
Еве како ова храбро момче нашло начин да свири бубњеви. Освен бубњеви, Корнел свири контабас и бас гитара.