Постојат седум типови на возачи: Кој од нив сте вие?

popara16 мај, 20181min00
2

Луѓето во сообраќајот можат да се поделат во неколку групи врз основа на нивото на сообраќајна култура. Некои возачи едноставно не можат да поднесат некој да биде пред нив, други пак им се тргаат од патот на споменатиот тип на возачи, а некои пак воопшто не ги интересира однесувањето на другите.

 

Постојат бројни научни трудови напишани во врска со однесувањето на возачите, кои имаат за цел да ги објаснат нивните реакции при возење.

Психолози од едно Лондонско училиште, неодамна објавија истражување околу безбедноста во сообраќајот.

Во ова истражување тие ги поделија возачите во седум категории, а во прилог прочитајте повеќе за тоа.

1. Возач – инструктор

Ова е тип на возач кој има голема желба да им објасни на другите учесници во сообраќајот дека направиле одредена грешка.

Возачот – инструктор нема да се задоволи само со тоа што ќе ви одржи лекција, туку ќе очекува затоа да му дадете признание.

2. Над возач

Името зборува се – овој тип на возач е убеден дека е супериорен над останатите возачи, а сите останати ги смета за неспособни.

Овој тип на возач најчесто вика и ги навредува другите учесници во сообраќајот, додека тој седи зад воланот.

3. Не поднесува никој пред себе

Секојдневно се среќавате барем со еден ваков тип на возач. Едноставно мора да биде пред сите други и многу се нервира кога некој е пред него. Ако се обидете да го престигнете, немојте да се изненадете ако наеднаш почне да го забрзува својот автомобил.

Овој тип на возачи се многу опасни за безбедноста во сообраќајот.

4. Сака тој да ве казни наместо полицаецот

Ако ве забележи ваков тип на возач, тогаш сигурно ќе имате проблеми.

Ќе направи се за да ве „казни“, односно ќе ја искористи првата прилика за да излезе од автомобилот и да се пресмета со вас.

5. Смирен тип

Многумина од нас безуспешно се обидуваат да се стават во оваа група. Тоа се сите оние кои мислат дека нервозата во сообраќајот и конфликтите со другите возачи нема да им донесат ништо добро.

Смирените типови мирно ги прифаќаат ситуациите во сообраќајот, односно се обидуваат да ги контролираат емоциите и да реагираат разумно.

6. Одбранбен тип на возач

Оваа категорија на возачи е тесно поврзана со претходната. Кога некој ќе ги загрози при возењето, тие се трудат тоа да не го доживуваат лично.

Овој тип на возач ќе се обиде да ги избегне сите потенцијално опасни ситуации кои би можеле да ги создадат другите возачи и да избегне конфликт.

7. Тип на возач кој бара бегство од реалноста

Овие возачи користат најразлични помошни средства во автомобилот за потполно да се изолираат од другите учесници во сообраќајот.

Тие обично ја слушаат омилената музика или зборуваат на телефон, а и воопшто малку внимаваат на што се случува околу нив.

Со своето однесување и деконцентрација можат да претставуваат голема опасност во сообраќајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag