Потврди шминкерката на Ријана: Ова ќе биде најпопуларниот make up за оваа зима
14 ноември, 20180
Бои кои одлично ќе прилегаат на бринети и русокоси.
Зимската и празнична магија само што не започна, а со нив и подготовките за новата make up сезона.
По долгото владеење на топлите црвеникави и бронзени тонови, дојде на ред вистинско заладување. Присила Оно, личната шминка на Ријана, откри дека нејзиниот омилен избор за новогодишната и божиќната забава е сребрената сенка. Овој тренд го потврди холивудскиот шминкер Ендру Галимор, кој истакна дека сребрената е идеален избор поради одсјајот и визуелното зголемување на очите. На вас е да одберете дали сакате да користите кремаста сенка, во прав или едноставно да повлечете елегантна линија со сребрениот eyeliner на работ на трепките.