Тој беше хрaбар и одлучен човек. Таа беше нежна и чувствителна. Се венчале. Тој се трудел ништо да не тргне на лошо, а таа се грижела за куќата и ги одгледувала децата.
Децата пораснале, се ожениле и омажиле, секој си пошол по својот животен пат..што е и вообичаено. Кога сите деца биле згрижени, жената ја обеземала некоја тага, се повеќе слабеела и пропаѓала.
Бидејќи се помалку јадела, паднала болна во постела.
Нејзиниот маж бил загрижен и ја одвел во болница. Околу неа се труделе лекари и познати специјалисти, ама не можеле да ја откријат причината за болеста. Само ги кревале рамениците и мрмореле: -”Хм, хм..” На крај еден од нив го повикал мажот на страна и му шепнал:
-”Јас би рекол..дека вашата сопруга едноставно веќе нема волја за живот”.
Човекот ништо не одговорил. Седнал покрај креветот и ја зел жената за рака..нејзината мала истоштена рака се изгубила во неговата голема дланка.
Ја погледнал и со длабок одлучен глас рекол:
“Ти нема да умреш!”
-”Зошто?” го прашала таа со тивок глас.
“Затоа што си ми потребна! Tе сакам!”
-”А зошто не ми го кажа тоа порано ?”
Од тој ден на жената и било се подобро. Денес многу добро се чувствува. Лекарите се уште се прашуваат од каква болест жената боледувала и кои лекови толку брзо ја излечиле.
ПОУКА :Немојте никогаш да чекатe утре да кажете некому дека го сакате. Кажете му го тоа веднаш!