Познатиот актер е пресреќен што ќе го води доделунањето на Оскарите
Му се исполни животниот сон!
Кевин Харт, ѕвездата на филмот „Џуманџи: Добредојдовте во џунглата“, пресреќен објави дека му е дадена голема чест и „шанса во живот“ бидејќи ќе го води доделувањето на Оскарите.
„Со години ме прашуваа дали некогаш ќе го водам доделувањето на Оскарите и мојот одговор секогаш беше ист: „Тоа е животна шанса и ќе се случи ако ми се судено. Јас сум пресреќен што тој ден сепак дојде! “
Харт (39) им се заблагодари на сите легендарни водители и рече дека неговата покојна мајка би била многу среќна доколку го видела ова.
“Јас сум „полуден“ од среќа, бидејќи ова е мојот животен сон веќе долго време …
Ќе имам можност да се приклучам на листата на фантастични водители (Jimmy Kimmel, Chris Rock, Neil Patrick Harris, Ellen DeGeneres i Seth MacFarlane…) кои ги водеа Оскарите неверојатно.
“Ќе се потрудам овогодинешниот Оскар да биде посебен. И благодарам на Академијата што ми ја овозможи оваа голема чест.“
Церемонијата ќе се емитува на Еј-Би-Си на 24 февруари.