Приведен српскиот креатор Дарко Костиќ! Заведувал малолетници!

29 јуни, 20180
11

На српскиот моден креатор Дарко Костиќ, обвинителството му одреди 30 дневен притвор за сексуално вознемирување на малолетник, пишуваат српските медиуми. Во полиција се јавиле уште неколку малолетни жртви на кои Костиќ им давал и кокаин.

Српскиот моден креатор Дарко Костиќ е сослушан во обвинителството во Белград, каде се бранел со молчење, додека обвинителството го товари за сексуално вознемирување на 15-годишно момче. Тој е пријавен за полов напад и врз уште едно полнолетно момче. Тој на малолетникот му дал дрога „камагра“ (препарат за потенција) без негово знаење, па потоа го удирал со тупаници по главата и му ја искинал маицата.

Костиќ се сомничи дека на 9 јуни 2018 година му овозможил на 22-годишно момче консумирање наркотици, а потоа го допирал по интимните делови на телото.

Исто така, против него е поднесена тужба дека на 14 јуни 2018 година намамил во својот стан 15-годишно момче, кое претходно го запознал преку социјалните мрежи, а од кое барал да се соблече гол. Кога тинејџерот тоа го одбил, осомничението се обидел да го привлече кон себе, но момчето успеало да побегне, пишува „Ало.рс“.

Костиќ е уапсен во петокот по пријава на малолетникот, кој рекол дека отишол кај него за да го фотографира. Бидејќи немал да му плати, дизајнерот од него побарал да се соблече и да легне гол покрај него. Костиќ претходно негирал дека имал нешто со детето или со полнолетното момче.

Полицијата по претресот, во станот пронашла траги од наркотици.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *