Пронајдена недопрена замрзната гробница – се смета дека во неа е погребано кралско семејство

popara6 февруари, 20181min00
6

Археолозите кои истражуваат во јужниот дел на Сибир, пронашле недопрени замрзнати гробници во кои постои можност да се погребани припадници на кралското семејство Ситијан.

Оваа гробница постои веќе 2.800 години и поголема е од фудбалски терен. Се смета дека би можела да биде најстарата и најголема гробница во регионот. Ситијаните биле номадски народ кој доминирал во евроазиските степи од деветтиот век п.н.е. па сè до првиот век п.н.е.

Биле атусајдери, но и големи борци. Херодот во своите пишувања тврдел дека тие правеле капути од своите жртви, а нивните черепи ги користеле како чаши.

Иако овој народ не градел населби, тие зад себе оставиле бројни гробници кои се исполнети со накит, оружје, злато, богато декорирани шолји (на некои се пронајдени дури и траги од опиум) како и бројни други предмети.

Многу гробници биле направени на трајно замрзнати земјишта, а археолозите во нив откриле замрзнати мумии.

Од седумдесеттите години на минатиот век, археолозите истражуваат неколку гробници во долината на Ујук во Тува, руска република која се наоѓа северозападно од Монголија. Ова подрачје понекогаш го нарекуваат и сибирска “Долина на кралевите”, како што во Египет се нарекува местото каде пред 500. години биле погребани фараони.

За време на ископувањето на планината позната како “Аархан 2” кон почетокот на 2000. година, археолозите пронашле неоштетена гробница каде се наоѓало тело на маж и жена, но и околу 9000 златни предмети.

Гино Каспари, археолог од универзитетот во Берн, пребарувал сателитски снимки околу оваа гробница. Следниот чекор бил да се посети споменикот, а швајцарско-руската експедиција ја минала оваа локација во 2017 година.

Според нивниот извештај, замрзнатата гробница очигледно била поштедена од грабежи поради тешко достапната локација.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag