Раперот Нели обвинет за обид за силување

31 јануари, 20180
1

Раперот Нели е обвинет за силување и сексуален напад. 22-годишната Моник Грин тврди дека ја присилил на секс, откако ја повикал на журка минатиот месец. Таа рекла дека нејзин пријател кој бил обожавател на Нели ја повикал во бекстејџот, пред раперот да ѝ предложи да одат во посебна соба. Таму, според неа, Нели се соблекол гол и се обидел да ѝ ги искине алиштата. Во тужбата се тврди дека Нели ја зграбил нејзината рака и ја ставил на својот полов орган.

„Можеби си познат и имаш повеќе пари во банка, но не си ништо поважен од мене”, наводно му рекла девојката пред тој ја натера на сексуален чин.

Моник вели дека успеала да се ослободи и побегнала, а Нели, според тврдењето ѝ довикнал: „Ќе те пронајдам”.

Вториот инцидент се случил 2016 година, кога Нели на една жена се обидел да ѝ го соблече фустанот.

Раперот ги отфрли обвиненијата и вели дека се „потполна измислица“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi