
Познатата пејачка во оргинално издание.
Освен што сака да експериментира со своите модни избори, Рита Ора неодамна почна целосно да се трансформира со секоја комбинација на облека и мора да признаеме дека уште повеќе ни се допаѓа поради тоа. Со последната комбинација и фризура, таа се претвори во жива Барби кукла.
За оваа трансформација и помогна креацијата на Moschino од колекцијата за претстојната пролет, која едвај чекавме да видиме на црвениот тепих, а Рита Ора е вистинската личност за неа. Гламурозната коса во стилот на стариот Холивуд, на комбинацијатаи додаде посебен шарм , а елегантната шминка заокружи уште една прекрасна комбинација на Рита.

