Самсунг го објави ОЛЕД дисплејот кој е “некршлив”

popara27 јули, 20181min00
сас

Samsung Display го објави токму тоа дека го развил “Некршливиот”  флексибилен OLED панел. Компонентата е развиена за телефони и е сертифицирана од страна на UL – Underwriters Laboratories, која работи за OSHA во Соединетите Американски Држави.

Компанијата во своето соопштение истакна дека некршливиот дисплеј поминал тест за реално време, врз основа на воен стандард на американското Министерство за одбрана.

Хојунг Ким, генерален менаџер на Samsung Displaya, истакна дека зајакнатиот пластичен прозорец е специфично погоден за телефоните, бидејќи е лесен, има можност за пренос на податоци и цврстина, што се карактеристики слични на она што го нуди стаклото.

Компанијата очекува да се користат изджливите OLED панели во автомобилските конзоли, мобилни воени уреди, преносливи гејминг конзоли и таблет PC уреди.

За време на тестирањето, Underwriters Laboratories изврши серија испуштање на панели од височина. Првиот тест бил пуштање од височина од 1,2 метри, по што бил подложен на екстремни температури (помеѓу 71 и -32 степени Целзиусови). Панелот продолжил да функционира нормално, без никакви оштетувања.

После ова, тој беше пуштен од висина од 1,8 метри и исто така немаше оштетувања и беше целосно функционален.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag