Samsung го подготвува таблетот Galaxy Tab S4

popara16 март, 20181min00
3

Иако фановите на „Samsung“ со нетрпение го очекуваат претставувањето на новите телефони од серијата „Galaxy S9“, јужнокорејска компанија во подготовка би можела да има и нов таблет. Уредот би можеле да го видиме за време на претстојниот „MWC“ саем.

„Samsung Galaxy Tab S4“ (број на модел SM-T835) e таблет од горниот сегмент и има 4GB RAM и 64GB простор за складирање податоци. Иако засега не се споменува процесорот, постоењето на „Adreno 540 GPU“ укажува на тоа дека таблетот најверојатно ќе го користи чипсетот „Snapdragon 835“.

На задната страна на таблетот се очекува камера од 12MP, додека на предната страна ќе биде присутна 8MP камера. Нема „NFC“ (Near Field Communications) поддршка, но тука се „Wi-Fi“ и „GPS“ можностите.

„Samsung Galaxy Tab S4“ ќе има 10.5-инчен дисплеј со 2560 x 1600p резолуција, а за софтверската поддршка ќе биде задолжен „Android 8.0 Oreo“. Tука е и слотот за „SIM“ картичка, што на корисниците ќе им овозможува опција за повици.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag