Јужнокорејскиот гигант и претходните години својот најдобар модел ќе го претстави на МВК (Светскиот конгрес за мобилни телефони).
Менаџерот на одделениот за мобилни уреди од Samsung, ДЈ Кох потврдил дека кон крајот на февруари Galaxy S9 ќе биде претставен на овогодинешниот Светски конгрес за технологии во Барселона.
Кох не ги кажал другите детали во врска со новиот модел, освен информацијата дека продажбата на истиот ќе почне веднаш по презентацијата.
Samsung оваа година ќе лансира два модели – Galaxy s9 и Galaxy S9 Plus кои поради различните големини на екранот ќе имаат и различни камери. Според неофицијални извори Galaxy S9 Plus би требало да има задна камера со две леќи, исто како Galaxy Note 8 и iPhone 8 Plus.
Останатите спецификации за овие два модела би требалод а останат исти – најнов Exynos 9810 чип, 6 GB RAM меморија, водоотпорност, 3D скенер за лице…
Точниот датум за презентација на новиот модел сеуште не е познат, само се знае дека ќе се случи во месец февруари.