Се појави видео од новиот подобрен LG G7

popara23 март, 20181min00
5

Компанијата „LG“ го стопираше производство на својот првичен „G7“ модел, сакајќи од него да направат нешто кое ќе им се допадне на просечните корисници на „Android“ и го подобри така што ќе се издвојува од конкуренцијата.

Јужнокорејските медиуми наведуваат дека „LG G7“ на пазарот најверојатно ќе се појави во мај, додека телефонот официјално ќе биде претставен во текот на април. Тие потврдуваат и дека телефон ќе има отвор на врвот на „OLED“ екранот, во кој би требало да се најде предната камера и различни сензори.

Имајќи го во предвид општиот тренд на имплементација на отвор во врвот на екранот, тоа и баш не може да се смета како новитет, бидејќи повеќето актуелни премиум модели го имаат овој дизајнерски детал.

Останатите карактеристики на освежениот модел „G7“ би требало да подразбираат чипсет „Snapdragon 845“ и можна конфигурација на „RAM“ меморијата и простор за складирање податоци во однос 6GB/64GB зa „G7“ и 6GB/128GB зa „G7+“ моделот.

Се очекува задната двојна камера да има два вертикално позиционирани сензори од 16MP, со сите „AI“ функции кои веќе се наоѓаат на моделот „V30S“.

Новиот „LG“, најверојатно би требало да биде опремен со батерија од 3.000mAh.

Што се однесува до цената, се очекува дека „G7“ во зависност од моделот би можел да чини помеѓу 850 и 950 долари.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag