Гугл може да ве лоцира само врз основа на она што сте го пребарувале!
Некои пребарувања немаат никаква врска со локацијата, како што се “чоколадни колачиња”, и ги даваат прецизните координати на вашата Гугл сметка во опсег од дури 0.09 квадратни метри.
Американската технолошка компанија Гугл го регистрира вашето движење дури и кога експлицитно се изјаснувате да не го прави тоа.
Истражувањето на Асошиетед Прес покажува дека користењето на услугите на Google преку уредите со Android и iPhone и овозможува на компанијата да ги сними местата каде што одите во текот на денот, дури и ако имате активирано прилагодување за приватност, кое би требало да ги спречи во тоа.
Google ги зачувува податоците за локација со датум и време што се снима секогаш кога се отвора апликацијата “мапи”.
Кога ја стартувате апликацијата за дневна временска прогноза, таа автоматски ја дефинира приближната локација на која се наоѓате. Некои пребарувања немаат никаква врска со локацијата, како што се “чоколадни колачиња”, и ги даваат прецизните координати на вашата Гугл сметка во опсег од дури 0.09 квадратни метри.
Проблемот на приватност ги погодува двете милијарди корисници на Андроид уреди и стотици милиони корисници на iPhone во светот кои се потпираат на Google мапи или временска прогноза.