Сексипилната актерка со бујни облини го прослави својот 34. роденден
На 22. ноември, една од најуспешните и најсекси актерки на денешницата Scarlet Johanson наполни 34 години!
Филмското деби го имаше во филмот „North“ (1994), а потоа ја доби својата улога во “The Horse Whisperer” (1998) и „Ghost world“ (2001). Се префрли на „улогите за возрасни“ во филмот „Girl with a Pearl Earring“ (2003) и „Lost in translation“ од Софија Копола, каде што ја доби наградата BAFTA за најдобра актерка. Таа продолжи со фантастични перформанси во филмовите „Barcelona“, „He’s Just Not That Into You“, „Her“, „Lucy“ и секако како Наташа Романов или „Black widow“ како дел од суперхероите на Марвел.
Не само што таа беше најплатена актерка во 2016. година туку е најплатена актерка на сите времиња во Северна Америка и десетта во светот (нејзините филмови заработија повеќе од 3,3 милијарди долари), таа исто така стана пејачка и објави два албума „Anywhere I Lay My Head“ и „Break up“.
Модерниот секс симболoт на Холивуд e единствената жена која е двапати избрана за најсекси жена од страна на магазинот “Esquire” (2006. и 2013. година).