Научниците проучиле можни сценарија кои би можеле да доведат до распаѓање на Сончевиот систем.
Сонцето има околу 330.00 пати поголема маса од Земјата и произведува еднаква количина на енергија колку милијарда нуклеарни бомби секоја секунда. Поради големата маса Сонцето има доминантна гравитациона сила во Сончевиот систем, и ги држи сите осум планети во елиптична орбита. Истовремено. сончевата енергија ја грее нашата планета толку колку е потребно да Земјината површина ја достигне совршената температура која е неопходна за постоењето на водата во течна состојба, без која не би бил возможен животот.
Но, што би се случило кога Сонцето би исчезнало?
Пред да се позанимава со тој проблем познатиот физичар Алберт Ајнштајн, научниците претпоставувале, иако не докажале, дека гравитацијата има моментално дејство. Дека тоа е вистина, прва работа која би се случила откако Сонцето би исчезнало би била таа што сите планети вклучувајки ја тука и Земјата би одлетале во универзумот.
Светлоста, од друга страна, не е моментална. Таа патува 299,792,458 метри во секунда и и треба околу осум минути да допре до Земјата. Значи, би ја виделе сончевата светлина и после 8 минути откако Сонцето би исчезнало, иако би го осетиле исчезнувањето на сонцето пред да имаме прилика да го видиме.
Но, како што Ајнштајн докажал со својата теорија за општа релативност, силата на гравитација не е моментална појава, туку патува со еднаква брзина како и светлоста.
Знали, ако Сонцето исчезне, дефинитивно не би можеле да бидеме свесни за тоа цели 8 минути пред целосно да ни се стемни пред очите.
За секогаш ноќно небо?
Ако мислите дека би останале во целосен мрак, се лажете. И понатаму би сјаеле ѕвездите, и понатаму би имало струја, па со тоа и градовите би биле осветлени се додека ја има и струјата. Дури и планетите би останале видливи кратко време. На пример, кога Јупитер е најблиску до Земјата, тој е одалечен околу 33 светлосни минути, што значи дека и понатаму би можеле да ја видиме џиновска планета повеќе од еден час ( толку би било потребно на преостанатата сончева светлина да дојде до Јупитер и да се рефлектира назад на Земјата, дури и после исчезнувањето на сонцето ). Но, после осум минути една работа на Земјата не би можела да се запре, објаснува Мајкл Стивенс, оснивач на популарниот канал “Vsaucea” на Ју Тјуб. Би исчезнала фотосинтезата, процес со чија помош сите билки се снабдеваат со храна, што значи дека поголемиот број на мали билки би овенале за неколку дена. Уште еден голем проблем е топлината – после недела дена просечната температура на Земјата би се спуштила на 0 степени Целзиусови, а до крајот на првата година би достигнала и до -100 степени, вели Стивенс. Истовремено, би се ладеле и океаните и морињата, со што и Земјата со текот на времето би се заледила. Но, како и длабоките езера во зима, во таква ситуација би се заледила само површината на морињата и океаните, што значи дека водата под ледениот прекиравач би останала во течна состојба. Доколку и само еден човек го преживее ова, единствено прибежиште би можел да најде во близина на геотермалните отвори на дното на океаните. Овие отвори емитираат топлина која допира од средината на Земјата.
Животот на Земјата и понатаму би можел да напредува
Тешко е да се знае колку човекот би преживеал во такви услови, но животните кои живеат во близина на споменатите отвори, би можеле да продолжат да постојат милијарда години бидејки, бидејки за живот не им е потребна светлост и сончевата енергија. Тие храната и енергијата ја црпат од топлината која доаѓа од отворите. Во секој случај, оваквата ледена Земја би личела на поедини постоечки сателити на Јупитер кои би, според астрономијата, би можеле да содржат микроби.