
Госпоѓата Бибер во болница.
Манекенката Хејли Болдвин, од неодамна Бибер, беше фотографирана во Лос Анџелес додека влегуваше во болница.
Папараците ја следеа сопругата на Џастин Бибер и дознаа дека поминала три часа во советувалиште на гинекологија, што доведе до гласини дека е бремена.
Ниту пејачот, ниту атрактивната манекенка која своевремено беше прогласена за најпосакуваната жена во светот, не ги коментираа гласините.
