Мажот се врати од работа и ги затекна своите три деца надвор во дворот, сеуште во пижами, целите извалкани, празни кутии од храна и хартивчиња од чоколадо расфрлани низ целиот тревник. Вратата од автомобилот на жената беше отворена, исто како и влезната врата на куќата, дури го немаше и нивното куче. Влегувајќи во куќата наишол на уште поголем неред. Ламбата била на подот,а килимот бил стуткан покрај ѕидот. Телевизорот работеше на најгласно во дневната соба, а собата беше пренатрупана со разни играчки. Мијалникот во кујната беше полн со валкани садови, храната беше расфрлана на масата и подот, вратата на фрижидерот беше отворена, на подот имаше скршено стакло и во средината на кујната мал куп од песок.
Брзо се качи на горниот спрат скокајќи преку куп играчки и облека. Загрижено ја бараше својата жена, можеби е болна или нешто и се случило – помислил тој. Од купатилото извираше мала бара. Погледна внатре и виде куп мокри пешкири, водата течеше од мијалникот, а кадата беше преполна со валкана вода и пена. Километри од тоалетна хартија се протегаа низ бањата. Побрза во спалната соба и таму ја најде неговата жена во пижами како чита книга.Таа го погледна, му се насмевна и го праша како поминал на работа. Гледајќи ја со неверување, тој ја праша:
– Што се случи денес?
Таа повторно се насмевна и кажа:
– Знаеш, кога ќе дојдеш нервозен од работа секој ден и ќе почнеш да викаш по мене, од што си уморна ?! Што си правела цел ден?!
Тој вели:
– Знам!
– Е па, денес тоа не го правев! – рече таа и продолжи да чита.