Што тие знаат, а ние не: Зошто милионерите бегаат од големите градови ширум светот

popara7 јуни, 20181min00
8

Елитата бега од големите градови ширум светот. Поточно, се наведува дека само од Чикаго во 2015 година побегнале околу 3000 милионери, а од Париз 7000. Зошто се случува тоа? Зошто на илјадници километри бегаат од големите градови? Дали е возможно да тие знаат нешто што ние не го знаеме?

Веќе се зборуваше за тоа дека елитата се спрема за некој колапс кој доаѓа, но никој не очекуваше дека илјадници од нив ќе се спакуваат и ќе ги напуштат големите градови, пишува “Chicagotribune.com”.

Околу 3000 поединци со богатство вредно повеќе од милион долари се преселиле од Чикаго во минатата година, а многу наведуваат дека расните тензии и злосторства се фактори за донесување на таква одлука.

Секако, тоа не се случува само во Чикаго, туку и во бројни други градови во САД.

Од Париз пак побегнале дури 7000 милионери, а потоа следува Рим со 5000 такви луѓе.

Вистина е дека некои од нив бегаат за да избегнат плаќање на данок, но има и такви кои се загрижени дека човештвото се движи кон апокалипса и сакаат да се припремат за тоа додека сеуште имаат време.

Една компанија од источна Германија потроши огромни суми на пари за конвертирање на подземните советски установи во прифатливи засолништва. Таа се вика “Europa One” и претставува ултра-луксузен бункер за преживување на елитата.

Се наведува дека тој бункер може да издржи нуклеарен удар,пад на авион, биолошки и хемиски реагенси, масивни бранови, земјотреси и поготово било каков вооружен напад.

Во склоп на бункерот се наоѓаат станови, складишта, па дури и железничка станица.

Покрај изградбата на вакви бункери и бегства на милионери од градовите, треба да се истакне и фактот дека милионерите масовно ги продаваат своите деловни објекти.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma