Фактот дека во рестораните тоалетите не се највалканите места, одамна ни е познат. На пример, на менито има повеќе бактерии отколку во тоалетот. Но, и директно на масите се наоѓаат безброј бактерии…
Додека рестораните првенствено внимаваат на чистите маси и прибор, забораваат на приборот за сол и бибер. Според едно неодамнешно истражување, таму просечно има околу 11.600 бактерии.
На пример, на подот во тоалетот има околу 200 различни бактерии. Причината за ова не е само редовната употреба на соларниците и фактот дека ретко се чистат, туку и децата што овие садови често ги користат за играње, велат експертите.
Како решение, може да го замолите готвачот да го зачини вашиот оброк или да си донесете бибер од дома.