Кина: Питон паднал врз персоналот на банката за време на состанокот

popara6 ноември, 20181min00
piton

Голем питон, 1,5 метри долг и тежок пет килограми, падна од таванот на банката во кинескиот град Нантун, плашејќи ги вработените за време на состанокот.

Змијата “се прикраде” во филијалата на кинеската банка „Industrial and Commercial“ во автономната кинеска провинција Гуангкси и во еден момент  падна од таванот помеѓу двајца вработени, пренесува австралиската ABC.

На видеото од безбедносната камера, се гледа како вработените бегаат во сите насоки откако питонот паднал на подот, а потоа се скрил под каучот.

Потоа вработените ги повикаа работниците од комуналната служба на Зоолошката градина кои брзо дојдоа на местото на настанот и со професионални помагала ја фатија змијата, ставајќи ја во проѕирна ќеса.

Питонот, како што соопштуваат, не бил отровен и веројатно го одгледувал некој во близината. Сличен инцидент ја погоди истата филијала минатата година.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag