Една од најуспешните манекенки на денешницата се најде на метата на критичарите од повеќе причини. Што ќе кажете, оправдано или не?
Џиџи Хадид ја обвинија дека целата нејзина слава се должи на нејзините познати родители, могулот за недвижнини Мохамед Хадид и поранешната манекенка Јоланди Хадид, а манекенката во интервју за американски магазин им одговори на сите кои ја критикуваат.
„Слушам дека луѓето велат дека не заслужувам да бидам таму каде што сум токму сега, бидејќи доаѓам од успешно семејство, но моите родители напорно работеа за да стекнат сè што имаат. Татко ми бил бегалец. Мајка ми е родена во мала средина и се преселила во Њујорк за да заработи пари за своето семејство. И двајцата се потрудиле да ми дадат добар живот и поради нив се обидувам да бидам вредна “, изјави Џиџи и на крајот заклучи : „ Нема да се кријам дома само затоа што некој ќе каже дека сум успешна поради моите родители “.