Слушам дека луѓето зборуваат како не заслужувам да бидам тука каде што сум: Џиџи Хадид јавноста ја обвини поради една работа!

20 ноември, 20180
gigi

Една од најуспешните манекенки на денешницата се најде на метата на критичарите  од повеќе причини. Што ќе кажете, оправдано или не?

Џиџи Хадид ја обвинија дека целата нејзина слава се должи на нејзините познати родители, могулот за недвижнини Мохамед Хадид и поранешната манекенка Јоланди Хадид, а манекенката во интервју за американски магазин им одговори на сите кои ја критикуваат.

„Слушам дека луѓето велат дека не заслужувам да бидам таму каде што сум токму сега, бидејќи доаѓам од успешно семејство, но моите родители напорно работеа за да стекнат сè што имаат. Татко ми бил бегалец. Мајка ми е родена во мала средина и се преселила во Њујорк за да заработи пари за своето семејство. И двајцата се потрудиле да ми дадат добар живот и поради нив се обидувам да бидам вредна “, изјави Џиџи и на крајот заклучи : „ Нема да се кријам дома само затоа што некој ќе каже дека сум успешна поради моите родители “.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *