Сошијте модерно здолниште во А крој

5 јуни, 20180
3

Здолништата се дефинитивно незаменливи и речиси и да нема припадничка на понежниот пол која не се чувствува женствено во нив. Постојат разни модели и кроеви така што може да најдете модел кој вам ви одговара.

Ако не, секогаш се тука вредните раце и малку волја потребни за самите да си го сошиете совршеното здолниште. Денес ви откриваме како да направите едноставно модерно здолниште во А крој од неопрен.

Потребни материјали:

  • 2,5 м. неопрен материјал со дебелина од околу 0,5 cm
  • хартија за кроење
  • молив
  • остри ножици
  • шпенадли
  • машина за шиење
  • игла и конец (во боја на материјалот)

Упатство:

На парче хартија за кроење исцртајте шаблон според дадените мерки. Доколку е потребно да го продолжите или скратите здолништето додадете или одземете неколку сантиметри од дадените 35.

Прецртајте го шаблонот на ткаенината и исечете онолку парчиња колку што ви се потребни. Ширината на потесниот дел кај половината е 10 cm. Измерете го обемот на половината и ќе го добиете потребниот број на парчиња ткаенина. Сепак, не заборавајте дека секое парче во процесот на спојување ќе изгуби по неколку сантиметри од двете страни, па и тоа пресметајте го во вашите мерки.

Откако ќе ги исечете парчињата ткаенина, спојте ги со шпенадли, а потоа зашијте ги со помош на машина за шиење или игла и конец.

Неопренот е растеглив па нема да ви бидат потребни копчиња или патент – лесно ќе го облечете здолништето и без раскопчување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi