Совети за продолжување на животот на батеријата за мобилниот телефон

popara10 јануари, 20181min00
leaving-your-phone-charging

Aко веќе некое време го користите вашиот мобилен телефон, големи се шансите батеријата да не ви е издржлива како на почетокот. Тоа би можело да е последица од неизбежно редовно трошење, но делумно може да зависи и од вашите навики на полнење.

Image result for цхаргинг мобиле пхоне

Една од најштетните навики кои ја имаме сите е оставање на телефонот на полнач во текот на ноќта. Затоа, еве неколку совети кои ќе ви помогнат да го продолжите векот на батериите:

  1. Полнете го телефонот почесто, на пократки временски интервали – многу луѓе имаат навика да го вклучат телефонот во струја пред да легнат. Но краткотрајното полнење е подобро решение за здравјето на батеријата. Не е важно дали ќе ја наполните 20 или 30%, поважно е почесто д аго уклучувате, отколку подолго.
  2. Не дозволувајте батеријата целосно да ви се испразни пред да го наполните – веројатно често слушате дека е добро за патеријата да се испразни целосно пред повторно да ја наполните. Но тоа не е точно. Всушност, тоа е многу штетно за батеријата и тоа предизвикува брзо празнење.
  3. Одржувајте ја баретијата меѓу 65 и 75 % – како з аавтомобилите, така и за батериите, има оптимална количина на полнење. Стручните лица велат дека најдобра точка за батеријата е некаде околку 65 и 75 %, што значи чувајте го вашиот почнач при рака.
  4. Никогаш не ја полнете батеријата до крај – ова можеби ќе звучи нелогично, но најдобро е никогаш да не ја полните батеријата до крај. Ова е затоа што модерните батерии не мора да се целосно полни за да работат добро. Всушност, подобро работат на оптималната бројка, бидејќи големата волтажа предизвикува стрес на батеријата.
  5. Кога батеријата е полна, не морате да го тргнете полначот – ако одлучите да не го послушате четвртиот совет на листава, тогаш треба да знаете дека откако ќе ја наполните батеријата во целост, доколку не го користите телефонот, не морате да го извадите полначот. Поенатата е во тоа дека полначите се исклучуваат автоматски во моментот кога батеријата ќе го достигне својот максисум и не ја оштетува батеријата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag