Дали знаете колку водената гимнастика е корисна за вашето тело? Морате да ја испробате!
Вежбањето во вода ги зајакнува зглобовите и мускулите поради отпорот што го дава водата, а истовремено телото во вода тежи само 10% од својата вообичаена тежина, па мускулите и зглобовите можат истовремено полесно да вежбаат. Она што посебно им годи на жените, вежбањето во водата обезбедува постојана масажа на целото тело, што ја поттикнува циркулацијата, лимфниот проток и размена на супстанции. Сето тоа е одлично во борбата против проширените вени на нозете и омразениот целулит.
Во водата, без многу потешкотии, може многу да се направи за телото. Ова се првите 3 вежби за секси летна фигура!
Ги зајакнува рацете, рамењата и стомакот:
Застанете во плиткиот дел од базенот, поставете ги рацете на работ на базенот и со силата на рацете подигнете се и извадете го целото тело од водата. Направете три сета од по 10 пати.
Ја зајакнува горната мускулатура на рацете:
Свиткајте ги рацете во лактот, притиснете ги дланките и цврсто спуштајте и кревајте ги вашите лактови низ водата.
Го израмнува стомакот и ги зацврстува бутовите:
Легнете во плитка вода, потпрете се на лактовите. Подигнете ја едната нога исправена и држете ја во воздух 5 секунди, а потоа спуштете ја. Направете три сета од по15 пати па променете ја ногата и повторете.