Без разлика дали имате клима уред во автомобилот, или немате, по пеколните жештини е тешко да се издржат првите десетина минути додека автомобилот малку не се разлади.
Со првите потопли денови возачите се соочуваат со првите проблеми – како да го разладат автомобилот, а возењето да го направат попријатно во услови кога надворешните температури се над 30 степени Целзиусови.
Без разлика дали имате клима уред во автомобилот или немате, подеднакво е тешко да се издржи пеколната топлина во првите десет минути се додека внатрешноста не се излади. Седењето во пеколно топол автомобил не е само многу непријатно, исто така може да биде опасно за здравјето.
За среќа, сега постои начин да се надмине овој проблем. Кој и да се обидел со овој метод вели дека температурата на возилото брзо паѓа за 10 степени.
Сè што треба да направите е да го спуштите прозорецот од страната на совозачот и да ја затворите вратата. Потоа отворете ја возачката врата и затворете ја за да го оладите возилото.
Управувачот (воланот) треба да се сврти настрана при паркирање, па кога ќе се вратите ставете го во почетната положба, делот каде што доаѓаат дланките ќе биде ладен.
Конечно, ставете прекривка или капак врз менувачот, така што нема да биде толку жежок кога ќе почнете да возите повторно.
Можете да ги видите сите инструкции во видеото: