
Ќерката на познатиот рокер, пејачка и актерка, наскоро ќе застане на „лудиот камен“.
Зои Кравиц (29), ќерка на музичката легенда Лени Кравиц и Лиза Бонет, пејачка и актерка, ќе се венча со момчето Карл Глусман по две години врска. И ова е тајната што ја чува долго време, бидејќи Карл ја запросил во февруари оваа година, но таа сакаше да ги сокрие овие информации од јавноста. „Верена сум. Не го кажав ова на никој досега, односно , не му кажав на светот. Сакав да остане приватно”, изјави Зое во интервјуто за магазинот „Rolling Stone“.
Убавицата откри дека Карл планирал да ја запроси на романтичното патување во Париз, но работата им се испречи на патот и тој одлучил да ја побара за жена во нивната дневна соба.„Бев во тренерки и веројатно малку пијана. Почувствував дека неговото срце чука брзо, па го прашав дали е добро, всушност, јас бев загрижена за него!“ Карл се спушти на едно колено и Зои помислила дека само се протега за да го смири срцевиот ритам, но наместо тоа, тој извадил кутија со прстен.„Беше совршено, ми се допаѓа што не беше во рамките на планираното патување во Париз, туку во тренерки и дома”, рече таа.
Зои наскоро ќе ја гледаме во вториот дел од филмот “Фантастични ѕверки”, а покрај познатите родители, може да се пофали со очув кој не е никој друг туку Џејсон Момоа.