До каде може да се стигне со автомобилската индустрија. Тојота го престави дизајнот со кој останатите каросерии можат да се заборават.Надворешниот изглед е исти како Iphone каде буквално може да гледате слики и видеа.
Fun-Vii, скратено од “vehicle interactive internet”, е концепт на автомобил чија каросерија е направена од интерактивни плочи чувствителни на допир, што овозможува комплетна промена на изгледот на автомобилот.
На интерактивните плочи можете да сурфате и на интернет. Освен тоа, автомобилот може да го поздрави сопственикот со порака по желба.
„Автомобилите мора да се прилагодат на нашите емоции. Ако не се забавни, тогаш тие не се автомобили“ – изјавил претседателот на Тојота, Акио Тојода.
Јапонскиот производител засега не планира да го стави овој концепт во производство, но напоменува дека ова е пример на технологија која Тојота би можела да ја вклучи во идните модели.