Жителите на најсиромашната населба, вкупно 12.000, во колумбискиот град Меделин за подарок од градоначалникот добија ескалатор. Всушност се работи за шест споени ескалатори со вкупна должина од 384 метри.
Возењето на овој огромен ескалатор трае околу шест минути, а во понеделникот свечено го отворил градоначалникот Алонсо Салазар.
Секако, возењето е бесплатно, а проектот чинел околу 5 милиони евра. Пред изградбата луѓето морале да се качуваат по обични скали доколку сакале да стигнат дома. За тоа им биле потребни околу 30 минути, а патот бил еднаков како да се качуваат на зграда со 18 катови.
Сепак, ова не е ни приближно најдолгиот ескалатор на светот. Тој се наоѓа во Хонг Конг и е долг цели 800 метри.