Во оваа кратка приказна се крие тајната на вистинската љубов

popara29 јануари, 20181min00
12

Во оваа кратка приказна се содржи тајната за тоа што е вистинската љубов…Не знам дали некој од вас некогаш ја почуствувал, но знам дека веќе ми е јасно каква треба да биде мојата љубов што толку долго ја чекам.

Ништо повеќе и ништо помалку од ова…А вашата љубов вистинска ли е?

Почнуваме….

“Одела по патот девојка, прекрасна како вила. Внезапно забележала дека после неа оди еден маж. Таа се свртела и го запрашала:

–        Кажи ми зошто ме следиш?

Мажот одговорил:

–        Твојата убавина така ме заслепи па како да ми заповеда да одам по тебе. Велат дека свирам прекрасно и дека за мене нема тајни. Дека можам да разбудам во женските срца љубовна мака. Но јас сакам да ти ја дадам мојата љубов тебе, зошто ти го плени срцето  мое!

Убавицата тивко го гледала извесно време и му рекла:

–        Како така се вљуби во мене? Мојата помала сестра е многу поубава од мене. Погледни ја, ете ја позади нас.

Мажот застанал, после и се свртел, но видел само една безлична, парталава старица. Тогаш тој зачекорил побрзо за да ја стигне девојката. Го наведнал погледот и ја прашал со тивок глас:

–        Кажи ми зошто ме излажа?

Девојката се насмевнала и одговорила:

–        Ти исто не ми ја кажа вистината, кога ми се колнеше во љубов. Ти ги знаеш сите правила во љубовта и делуваше дека твоето срце гори од љубов кон мене. Како можеше тогаш да се свртиш и да погледнеш друга жена?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag