За оние кои се во врска со женет маж

16 мај, 20180
10

Голем број жени се водат по правилото дека никогаш не би започнале врска со зафатен маж, но има и такви кои се занимаваат со такви афери. Дел од нив знаат што можат да очекуваат и знаат што прават, остатокот наивно веруваат во бајка, која не може да се оствари.

Ако сте дел од оние кои се впуштиле во нешто слично, тогаш постојат некои работи што треба да знаете. Да не кажете после дека никој ништо не ви кажал.

Држете до себе
Она што го имате не е вистинска врска. Прво, вие сте трета страна во нечие семејство и второ треба да знаете дека сето она што сакате да имате со него тој веќе го има.

Не бидете убедени дека ќе ја остави сопругата
Една од најчестите лаги кои мажите ги кажуваат на жените со кои имаат афера е дека ќе ја остават сопруга. Тоа е нешто во кое не можете да си дозволите да поверувате, бидејќи ќе наидете во една врска која нема иднина.

Децата
Кога веќе знаете дека има семејство, зошто сте застанале во средината на сето тоа? Покрај тоа, ако е толку лесно и е подготвен заради вас да ги остави нив, дали мислите дека утре нема да го стори истото и со вас?

Зошто токму тој?
Мислите ли дека женетиот маж ви гарантира стабилна врска, бидејќи е подготвен за брак? Не ли е попаметно да се најде некој, за кој ќе бидете сигурни дека е првиот избор? На овој начин нема да уништите нечие семејство.

Прекин на комуникацијата
Ви се чини дека не можете да го оставите дека нема да најдете никој како него и се плашите дека нема да можете да успеете? Како и со секое раскинување, така и со ова. Ќе боли некое време, но дека ќе помине. на крајот вие ќе бидете посреќни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *