Писателката Сали Куни од Њујорк, по првпат станала мајка во својата 51 година, а своите искуства со бременоста и мајчинството ги опишува на својот блог “мајка со побелена коса”
“Во 20-тите и 30-тите години не ни размислував за деца. Потоа во 40-тите се плашев дека никогаш нема да имам деца. Се прашував како ќе ми изгледа животот без деца и жалев за пропуштените прилики. Меѓутоа немав партнер кој ми одговара, немав толку пари колку што мислев дека е неопходно и на крај не бев доволно храбра. Покрај сето тоа доживеав и повреда на рбетот поради која долго време неможев да одам.
Во 2004 година го запознав сегашниот сопруг Дејв. Тој веќе имаше брак зад себе, јас немав. После две години забава, кога имавме по 47 години, мислев дека дева не доаѓаат во предвид. Сепак една вечер под дејство на алкохол го прашав дали некогаш размислува за деца. Одговорот беше потврден. Мислев дека ќе раскине со мене кога ќе слушне дека мислам дека мене не ми се судени деца, но тој ми рече дека ние сме му најважни како пар, а децата може да бидат убав додаток.
Колку повеќе разговаравме за децата, таа идеја ми стануваше примамлива. Кога конечно решив за тоа да разговарам со докторт, ми кажа дека единствена можност ми е вештачко оплодување.
Две години собирав пари и искуства, а забременив после 3 обиди. Тоа што ме изненади е што многу жени кои се на моја возраст ми бараа контакт од клиниката. Тогаш станав свесна колку жени во својата 50-та година сакаат да станат мајки, а немаат можност за тоа.
Што се однесува до бременоста, таа беше нормална. Се породив со царски рез, а неколку часа после породувањето веќе бев на нозе. Три дена после тоа го имав во раце својот син.
На детето уште од почетокот се му објаснувме.”
“Мама и тато се малку стари и веројатно твоите другари имаат баба и дедо на наша возраст. Некој може лошо да коментира, но тоа не треба да влијае лошо на тебе. Игнорирај ги” му кажале на синот.
Денес тој има 6 години и на сите го кажува следното:
“Мама и тато се малку стари, па мораа да позајма јајце клетки од една добра тетка и да ги помешаат со спермата на тато. Така сум роден јас”
“Да повремено некој помислува дека јас сум му баба. Има стари родители, но дефинитивно јас сум најстара.
Мислам дека сум подобра мајка бидејќи се породив постара. Да родев во 20-тите или 30-тите години тоа ќе беше кошмар и за мене и за детето.
Нашето време со детето е ограничено и е пократко од времето кое другите родители ќе го поминат со своите деца. Затоа мора да се фокусираме од него да направиме добар човек
Некои луѓе ќе кажат дека е себично да се роди дете толку касно и ги разбирам. Но мора да возратам со рашање – Дали целиот живот ви се одвива како што планиравте? Дали се венчавте кога имавте 25 години, дали имате две деца до 30-тата година. напредувавте ли во кариерата по идеален план?
Вистината е дека неможете се да направите според правилата кои ги поставило друштвото. Се обидуваме да дадеме се од себе за да бидеме подолго со детето. Почнавме да се занимаваме со спорт, јадеме медицински тип на исхрана, органски намирници, а брзата храна ја исфрливме. Се надеваме дека така ќе можеме да живееме подолго.
Јас не ги осудувам идеалите за родителство бидејќи несакам другите луѓе да ги осудуваат моите идеали. Меѓутоа ќе кажам дека дефиниција за родителство е желбата да го промените својот живот за да му овозможите на друго битие да живее. Тоа е важно, без разлика колку сте стар родител”.