Запирање на труење со храна со помош на смартфон

popara11 јуни, 20181min00
6

Пред некое време 35 луѓе во Јума, Аризона заболеа од E.coli од зелена салата, 75 беа  хоспитализирани, а беше забележан и еден смртен случај поврзан со труењата.

Сето тоа лесно би се избегнало доколку фармерите воопшто  не ја продале инфицираната салата. Новата технологија за детектирање на болести предизвикани од храна треба да помогне токму во вакви случаи.

Научници од универзитетот Пердју создале уред кој се поврзува со смартфоните и со чија помош се тестира храната дали во неа има бактерии преку процес кој трае неколку минути.

Детекцијата функционирa така што продуктот кој што се тестира се потопува во течност која содржи фаги, вируси за бактериите. Дополнителната хемикалија во водата ги осветлува инфицираните e.Coli бактерии, а камерата на телефонот ги забележува доколку се присутни. Иако звучи комплексно, оваа процедура е далеку побрза и поедноставна од останатите кои траат со денови.

Додека научниците од Пердју работат на решение кое ќе овозможи инфицираната храна воопшто да не стигне на полиците и пазарите, други истражувачи работат на минимизирање на штетата откога продуктите веќе се во продажба.

Така, на пример, стартап компанијата OwlTing користи блокчејн технологија за следење на секој чекор на производителите на храна. Нивната цел е стикерот на храната да може секој да го скенира со смартфон и да добие информации во врска со третманот на храната (со кои хемикалии е третирана), каде била одгледувана или процесирана и сл.

Со развивање на вакви нови технологии, еден ден ќе може да ги избегнеме сите болести предизвикани од храна пред таа воопшто да се најде на нашата трпеза.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag