Збогум на дебелиот стомак-Овие четири намирници го топат салото!

22 мај, 20180
3

Квалитетниот сон може да ви помогне да кажете “збогум” на дебелиот стомак. А за подобро да спиете и истовремено да ги согорувате маснотиите, јадете ги овие намирници.

Мислите дека малку јадете, а упорно се дебелеете? Ништо необично. Се работи за тоа какви калории внесувате во организмот. Тајната на трајно губење на килограми, особено оние кои се таложат во областа на стомакот, лежи во ритамот на вашето тело, правилниот циклус на спиење, но и намирниците кои се позитивни сојузници во оваа борба.

Риба

Таа е богата со омега 3 масни киселини и протеини. Луѓето на кои им недостасуваат омега 3 масни киселини лошо спијат во текот на ноќта, а тоа води кон нездрава исхрана.

Ореви

Оревите го зголемуваат нивото на магнезиум, но исто така изобилуваат со омега 3 масни киселини. Ќе ви помогнат подобро да спиете, а исто така ќе го намалите ризикот од заболување на срцето, рак и дијабетис.

Млеко

Млекото е богато со калциум. Студијата од 2010. година кај жени кои се пред менопауза, а кои конзумирале храна богата со калциум покажале дека изгубиле значителни количини на маснотии. Освен што помага во отстранување на масните наслаги, го подобрува и вашиот сон.

Цреши

Секогаш кога можете, јадете цреши. Особено еден час пред спиење бидејќи се богат извор на хормони за спиење, мелатонин. Освен тоа, тие се богати со антиоксиданси кои помагаат во губење на тежината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *